Најновата во серијата разорни бури, која е одговорна за најмалку 12 смртни случаи, ја погоди Калифорнија во понеделникот, принудувајќи на евакуација околу 25.000 луѓе, вклучително и целиот град Монтесито и блиските области на брегот на Санта Барбара, поради зголемен ризик од поплави и лизгање на земјиштето.
Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рече дека наредбата за евакуација „се заснова на постојано високи врнежи, без индикации дека тоа ќе се промени пред вечерта“.
Шефот на противпожарната служба во Монтесито, Кевин Тејлор, изјави дека за само 12 часа паднале најмалку 20 сантиметри дожд, што е значително повеќе од очекуваното.
(Фото: АП)







