– Во сите региони каде што СОНК имасиндикални организации, а буквално има во секоја општина, се почитуваодлуката на Советот на СОНК да се пристапи кон предупредувачкиотштрајк и јас сум апсолутно задоволен. Од наши извори дознаваме дека ионие што не се наши членови на многу места се приклучуваат на штрајкоти им благодарам за нивното солидаризирање со нашата организација,
изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Тој претпладнево го посети ОУ „Димитар Македонски“ во населбатаЛисиче каде што наставниците се на работа, но немаат активности, аденеска се примаат првачињата.
Неделков нагласи дека според нивни сознанија не се вршат притисоци врзнаставници за да се прекине штрајкот.
– Онаму каде што се прифаќаат ученици и првачиња, тоа се колеги кои несе наши членови и кои не пристапиле кон штрајкот, додаде претседателот на СОНК.
Во однос на нивното барање за повисоки плати до 25 отсто, а од другастрана ставот на МОН дека за една година платите им ги покачиле завкупно 10,8 проценти, Неделков рече дека тоа е клучната пречка на којасе сопнуваат.
– Месеци наназад немаме конкретна понуда колку и од кога. Мислам декаво септември веќе картите ќе бидат отворени затоа што песочниотчасовник одбројува.
До крајот на септември ние мора да изнајдемезаемно прифатливо решение во однос на прашањето за зголемување наплатите за во октомври да знаеме што понатаму.
Ако најдеме решение,наставата ќе продолжи во најдобар ред, ако не Советот на СОНК напочетокот на октомври ќе расправа за преговорите во септември и ќе донесе соодветна одлука.
Каква ќе биде таа, во овој момент не можам да прејудицирам, рече Неделков.







