Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, Виталиј Кличко, призна дека сонува да влезе во рингот со претседателот на Русија, Владимир Путин, и дека сака да го нокаутира.
На прашањето на новинарот на германскиот „Билд“ дали би ги „вкрстил ракавиците“ со рускиот претседател и дали може да го победи, Кличко одговори:
„Се разбира дека би сакал одмерам силите во рингот со Путин и да го нокаутирам. Но, тоа е само фантазија“.
Според оцената на Кличко, „Путин моментално го доживува својот личен нокаут на фронтот“, каде што, како што наведе, украинските војници херојски се борат и и нанесуваат тешки порази на руската армија.
На крајот, Кличко изрази уверување дека Украина ќе ја добие војната со Русија, но, истакна, дека итно и треба повеќе оружје, муниција и борбени авиони.
(Извор: „Нова.рс“ – Фото: ЕПА / Роберт Гемент)







