Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нема консензус за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Нема консензус за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

јули 8, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Резолуцијата за евроинтеграцискиот пат на државата и црвените линии во однос на националните прашања, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја достави во Собранието најдоцна до утре.

Од опозициската партија очекуваат таа да биде прифатена од страна на сите парламентарни групи во Собранието. За документот поддршка дадоа пратениците од македонскиот блок партии, ДУИ бара дополнително усогласување, додека Алијанса на Албанците и Алтернатива својот став го најавија за денеска. Откако ќе влезе во собраниска процедура, претседателот на Собранието Талат Џафери треба да ја стави на пленарна седница.

„Укажуваме на недозволивоста и неприфатливоста за екслузивно присвојување на историјата идентитетот, традициите и каков било облик на хегемонизам, без оглед на тоа од каде доаѓа, изјави вчера пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

Цениме, рече тој, дека оваа резолуција треба да биде прифатена со консензус на сите пратеници затоа што тоа е еден долг кон граѓаните.

„Содржината е целосно избалансирана и како таква може да биде од голема помош за Владата на Република Македонија во спроведување на нашиот надворешно политички приоритет, затоа што содржината е добра намера и со позитивен контекст којшто може да помогне во натамошно градење на добрососедските односи на рамноправен и принципилена основа и во прилог на забрзување на нашите евроинтеграциски процеси, смета Муцунски.

За Резолуцијата вчера одговарајќи на новинарско прашање зборуваше и портпаролот на Владата Душко Арсовски и рече дека на Собранието е да предлага, да расправа и да одлучува за резолуции и слични документи и иницијативи.

„Позициите на Владата во однос на македонскиот идентитет и македонскиот јазик се познати, постојано поврдувани и јасни. Во секоја прилика Владата кажува дека од нив нема да отстапи. Идентитетските црвени линии се јасни и на граѓанитре и на меѓународната јавност, рече Арсовски.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, зборувајќи за позицијата на неговата партија во однос на Резолуцијата кажа дека тие се на ставот oti овој процес треба да се почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија.

„Се плашам дека може од државна со ваква резолуција да преминеме во етничка позиција, вели Османи.

И покрај притисоците од опозицијата, посочи министерот, не навлеговме во негативен дискурс со Бугарија и пред очите на светот добивме признание дека ние сме во право.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, возврати дека очекува ДУИ да застане зад интересот на своите сограѓани и да ја поддржи резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија.

„Очекувам ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани Македонците како мнозинска заедница. Вистински да застане зад новата агенда што ја најави, а тоа е зелената агенда, и наместо химната, знамето и грубото кршење на Уставот од страна на Талат Џафери, да имаме навистина еден вистински државнички и братски однос во државава. И наместо да ги гледаме нашите лични интереси и интересите на соседите од другите држави, да ги гледаме интересите на соседите тука внатре, во нашата Македонија, тоа се интересите на мнозинскиот, македонскиот народ, рече Мицкоски во интервју за „Вечер прес“ на прашањето дали очекува да најде заеднички јазик и обединување и со албанските партии.

Мицкоски повтори дека црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ се содржани во Резолуцијата што ја доставија до Собранието, и оти веќе направиле консултации со парламентарните партии и од власта и од опозицијата.

-Го поздравувам тоа што и СДСМ одлучи да ја поддржи Резолуцијата, бидејќи и во минатото, сега и во иднина, ВМРО-ДПМНЕ е столб околу кој се обединуваат македонските национални интереси и добро е што СДСМ по неколкудневни обвинувања кон мене лично, успеаја да се надраснат и да сфатат дека идентитетот нема алтернатива и да се обединат околу македонските национални интереси и носечкиот столб кога се работи за тоа прашање – а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

На прашањето дали очекува поместување во разговорите со Бугарија, тој вели дека најпрвин ќе почека да види како ќе завршат изборите таму, закажани за 11 јули.

И покрај тоа што СДСМ излезе со став дека ќе ја поддржи Резолуцијата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немале средба со нивните колеги од оваа партија.

Ставот, пак, на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе биде соопштен денеска.

„Ние како албанска опозиција односно коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива сигурно дека ќе имаме став за оваа работа, бидејќи сме еден многу битен политички фактор во државата, но знаете дека нашиот претседател Зијадин Села беше на едно патување во Америка и се врати пред два дена, рече портпаролот на коалицијата Шефик Дураку на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека ставот ќе биде официјално соопштен денеска од нивните претставници.

актуелно вмро-дпмне консензус резолуција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.