Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нема напредок во разговорите за законот за ЈО, можност за амандмански интервенции
Политика

Нема напредок во разговорите за законот за ЈО, можност за амандмански интервенции

август 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нема напредок во разговорите меѓу власта и опозицијата за новиот закон за јавното обвинителство којшто утре влегува во собраниска процедура.

Со тој закон треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Министерката за правда Рената Дескоска по денешната средба на работните групи во Собранието изјави дека клучно прашање околу кое не се согласни двете страни е статусот на предметите на СЈО.

„Нашиот предлог е тие предмети да бидат транферирани во обвинителство за организиран криминал од точката до која се стасани во СЈО со цел да нема одоговлекување и да нема застој во постапките и губење докази. Се договоривме, забелешките коишто ги има ВМРОДПМНЕ да ги преточи во амандмани. Со оглед на тоа дека законот утре влегува во собраниска процедура, а комисиската расправа треба да почне в четврток, дотогаш треба да бидат поднесени амандманите, така што, на
конкретен текст ќе се договориме и во зависност од нивната подготвеност, ќе седнеме во периодот до четврток“, рече Дескоска.

Таа очекува на утрешната пленарна седница сите политички партии да смогнат сили и да ја поддржат потребата од донесување на ова законско решение кое е важно за процесот на пристапување на земјата во Европската унија.

Во однос на идниот статус на СЈО, Дескоска повтори дека нивниот став кој е преточен и во предложениот закон, е оти СЈО треба да се спои со Обвинителството за организиран криминал, а почнатите предмети од специјалните обвинители да продолжат да се процесуираат.

Прашана дали по „Рекет“ и притворањето на шефицата на СЈО Катица Јанева е нарушен кредибилитетот и на другите обвинители, Дескоска одговори дека одговорноста е лична, а не колективна и оти институцијата не треба да зависи од тоа кој ја раководи.

Пратеникот Антонио Милошоски кој ја предводи работната група на ВМРО-ДПМНЕ не прецизира каков став ќе има утре оваа партија, но укажа дека власта го предлага законот без опозицијата и оти таа не може да има позитивен пристап кон тоа.

„Според мене, ќе беше многу покоректно ако власта го предложеше законскиот текст во усогласеност и заеднички со опозицијата. Власта очигледно одлучи овој Предлог-закон да го предложи без консултации со опозицијата и од таа гледна точка не би можеле да очекуваме позитивен пристап од нашата страна кога немало позитивен пристап од страна на СДСМ и ДУИ при изготвувањето на Предлог-законскиот текст. Но,
оставаме можност на комисиската расправа со квалитетни амандмани да го подобриме законскиот текст доколку има подготвеност од владејачкото мнозинство да има закон кој ќе биде широко прифатен и заснован на стандардите од Стразбур“, рече Милошоски.

За предметите на СЈО, посочи дека не е спорно оти оние предмети што се почнати и се водат согласно со законскиот рок што го имаше СЈО, треба да продолжат до конечна судска разрешница.

Според него, аферата „Рекет“ налага потреба од донесување системско решение, а во однос на префрлањето на обвинителите од СЈО во новото обвинителство, Милошоски повтори дека нивниот став е оти не би требало, по автоматизам, секој да биде на некоја битна позиција во ова обвинитество.

„Многу зависи од истрагата што се случува со „Рекет“, но генерално постои основан сомнеж дека Катица Јанева не можела сама како поединец да изврши злоупотреба на ресурсите на СЈО и веројатно е дека имала повеќе соработници. Кои се и на кои нивоа биле, тоа може да го одговори само една темелна истрага, но затоа сметаме дека по
автоматизам не би можел секој да биде на некоја битна позиција во обвинителството за организиран криминал и висока корупција“, рече Милошоски.

Очекува дијалогот да продолжи со цел во догледно време да се приближат ставовите и да се преточат во заеднички предлог-текст или заеднички предлог-амандмани кои можат да го подобрат сегашниот Предлог-закон усогласен помеѓу СДСМ и ДУИ.

Двете страни се согласни дека по последните случувања во предметот „Рекет“ станува беспредметно да се разговара за предлогот за префрлање на специјалната јавна обвинителка во републичкото обвинителство.

На средбата станало збор и за мандатите на обвинителите за кои се предлага тие на кои им завршува мандатот тој да не се продолжува, но на оние на кои уште им трае да продолжат да работат.ж

За вработените на неопределно време кои се вработени во СЈО, е предвидено да нема
законско прекинување на работниот однос.

За истражителите во рамки на СЈО постојат две опции и тоа едната да се префрлат целосно во Обвинителството за организиран криминал или да се вратат во МВР, а
потоа да се формира истражен центар во рамки на Обвинителството за организиран криминал.

актуелно закон за јо напредок разговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.