Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нема приближување меѓу власта и опозицијата за клучните точки од законот за ЈО
Македонија

Нема приближување меѓу власта и опозицијата за клучните точки од законот за ЈО

август 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Работните групи на власта и на опозицијата сè уште не постигнаа напредок во однос на законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

И вчерашната средба заврши без напредок и со меѓусебни обвинувања.

ВМРО-ДПМНЕ бара да учествува во изборот на наследник на специјалната јавна обвинителка, а министерката за правда Рената Дескоска смета дека опозицијата промовира неказнивост со сталинистички закон.

„Одредени решенија многу лесно го карактеризираат законот на опозицијата како ретрограден и сталинистички. Опозицијата бара целосна, строга централизација на системот на Јавното обвинителство, која ќе значи јавниот обвинител Јовевски или кој и да биде, да биде човек со чиј мандат ќе бидат врзани мандатите на 27 носители на јавнобвинителската функција во државата. Со престанокот на мандатот на државниот јавен обвинител би требало да престане мандатот и на тие 27 лица кои се на чело на јавните овбинителства во државата“, рече Дескоска.

Меѓу клучните разлики се прашањето за идниот статус на СЈО, на обвинителите, на вработените и на предметите.

„Според барањето на ВМРО-ДПМНЕ треба да дојде до целосно демонтирање на структурата на СЈО, но и за жал на Обвинителството за организиран криминал. Барањето беше дека треба да биде неизвесна судбината на сите лица кои се вработени во СЈО и во Обвинителството за организиран криминал, и со нивното спојување да не се знае тие лица каде ќе одат. Понатаму тие да се распределуваат, што ќе се одрази негативно врз континуитетот на процесите бидејќи процесот на
екипирање оди бавно и тоа ќе доведе и до застареност на одредени случаи“, изјави Дескоска.

За статусот на предметите што се водат од СЈО во моментов, Дескоска рече дека од опозицијата инсистираат да нема одредба во законот која ќе даде надлежност на новото обвинителство да ги гони предметите од прислушуваните материјали.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонио Милошоски вчера изјави дека власта не е подготвена во системското решение за законот за јавно обвинителство да прифати концепт во кој обвинителството ќе има поголема одговорност, но и поголема доверба од јавноста.

Смета дека власта не е подготвена вистински да се бори против организиран криминал и висока корупција.

Тој изјави дека обвинителството во случајот „Рекет“ не се труди да открие повеќе докази и податоци, туку, како што додаде, со одолговлекувањето, изгубените телефони и годишните одмори се труди како да сокрие повеќе докази за овој нивен скандал.

Според Милошоски, тоа во овој момент се појавува како пречка во продуктивноста на разговорите кои се водат за законот за обвинителство.

Опозицијата не се согласува обвинителката Катица Јанева и другите обвинители, како и сите вработени во СЈО по сила на закон да преминат во Обвинителството за борба против организиран криминал бидејќи се сомневаат дека некои од нив можеби имаат улога во „Рекет“.

Милошоски рече дека власта не се откажува од обвинителката Вилма Рускоска.

Следната средба меѓу власата и опозицијата се очекува да се одржи околу 15 август годинава.

За Предлог – законот за Јавно обвинителство што го предложи Владата, претседателот на Собранието Талат Џафери закажа седница на 27 август.

Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.

актуелно закон за јо приближување ставови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.