Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нема промена на ставот на Франција за преговорите со Северна Македонија
Македонија

Нема промена на ставот на Франција за преговорите со Северна Македонија

април 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Проширувањето нема да биде на агендата на неформалниот самит во Берлин, и нема да се разговара за преговорите со Македонија, тема за која нема за сега промена во ставовите на Франција, велат за МИА високи извори во Елисејската палата.

И покрај одредени сигнали дека Париз би можел да омекне по прашањето за преговорите со Македонија после европските избори, од владини извори во Париз на брифинг со новинарите во пресрет на самитот во Берлин, пристигнаа поумерени тонови.

„Преговорите со Македонија и Албанија нема да бидат на дневен ред, и нема за тоа да се разговара во Берлин, нагласуваат од француската влада во најава на средбата во Берлин и додаваат дека ова не е на дневен ред за сега ниту во Советот на ЕУ.

На прашање на МИА дали можат да ги потврдат гласините дека Париз бил подготвен да се согласи со одвојување од Македонија и Албанија за старт на преговорите со ЕУ во јуни за да се олесни процесот за Македонија, од Елисејската палата велат дека “нема никаква одлука од таков вид во Франција, не е тоа на дневен ред и не ни е поставено такво прашање“.

Самитот во Берлин, кој ќе се одржи в понеделник попладне, е француско-германска иницијатива.

Освен домаќините, Ангела Меркел и Емануел Макрон, поканети се сите премиери од земјите од регионот, вклучително и премиерите на Хрватска и Словенија, како и српскиот и косовскиот претседател, и високата претставничка за надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Целта на овој состанок е да се разговара за регионалната соработка, а не за проширувањето, велат од француската влада, иако, како што потсетуваат, регионалната соработка е исто така „клучен критериум“ на патот кон полноправно членство во ЕУ.

„Знаеме дека проширувањето е суштинска точка за земјите од регионот, но не е предмет на овие дискусии, ова е состанок за регионалната соработка и ние немаме легитимитет да зборуваме за тоа, бидејќи тоа е надлежност на Европската Унија, нагласуваат во Париз.

Според последните информации, на состанокот нема да учествува еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, со што јасно се укажува дека оваа политика нема да биде на дневен ред во Берлин.

Проширувањето, впрочем, како заедничка политика на ЕУ, не може да биде предмет на дискусии на ваков неформален самит каде не учествува ниту еврокомесарот задолжен за тоа, ниту останатите 24 земји членки. За преговорите со Македонија се очекува да се разговара во јуни, после европските избори, на редовниот Совет за општи работи на ЕУ, но не е исклучено точката да биде одложена за септември, потврдуваат дипломатите во Брисел.

Берлин и Париз сакаат в понеделник да им „помогнат на земјите од регионот да ги надминат бројните спорови“ кои сѐ уште го попречуваат европскиот пат и уверуваат дека целта не е од регионалната соработка да се направи „супститут за другите процеси“, односно за проширувањето.

„Со ова се нагласува важноста да се третираат овие прашања неформално, бидејќи предизвиците поврзани со стабилноста сѐ уште не се надминати и има уште бројни спорови помеѓу земјите, тука Северна Македонија и Грција дадоа позитивен пример со Преспанскиот договор, благодарение на храброста на нивните лидери, велат од француската влада.

За Франција овој самит ќе биде и прилика „повторно да се ангажира“ во регионот, кој го напушти по војните во деведесеттите години, додаваат од Елисејската палата.

актуелно преговори северна македонија Франција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.