Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вечерва подрачјето недалеку од градот Драч, јавија локалите медиуми.
Според наводите на медиумите, епицентарот бил близу Драч, на околу 40 километри од Тирана.
Истото подрачје во попладневните часови го погоди потрес со јачина од 4,9 степеи по Рихтер.
На 26 ноември, утрината околу 3.55 часот земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди крајбрежјетѕо на Албанија после што следеа повеќе стотици потреси, вклучувајќи и три појаки од 5 степени.
До сега 46 лица загинаа, а повеќе од 2.000 се повредени.
(Фото: АП)







