Најмалку 17 луѓе, од нив седум се деца, загинаа кога автобус слета во река во Непал.
Автобусот преполн со патници кои се враќале од еден фестивал слетал од патот во реката Сункоши, северно од престолнината Катманду, пренесува агенцијата АП.
Потврдена е смртта на 17 лица, а 50 се потешко повредени, меѓу кои е и возачот.
Како што се наведува во информацијата на американскара новинска агенција, во Непал постои пракса возачите да ги прифаќаат патниците попатно, надвор од автобуските станици, што на надлежните органи им го отежнува утврдувањето на точниот број загинати.







