Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, најави понатамошни жестоки воени акции во Појасот Газа, и покрај вчерашните апели на САД и претседателот Џо Бајден да ја запре офанзивата во која стотици луѓе ги загубија животите.
Острите изјави на Нетанјаху претставуваат прво јавно разидување помеѓу два блиски сојузници, Израел и САД, и би можеле дополнително да ги отежнат меѓународните напори да се постигне договор за прекин на огнот, наведува АП.
Израелските воздушни удари на Газа и ракетните напади на палестинскиот Хамас над Израел, продолжија и денес, а вчерашните баражни ракетни напади на екстремисти од Либан на цели во северен Израел само допринесоа за ескалација на судирот.
Вчера, после состанокот во генералштабот на израелската војска, Нетанјаху изјави дека „многу ја цени поддршката на американскиот претседател“, но најави дека Израел ќе продолжи да се „бори за мир и безбедност на Израелците“.
Тој порача дека е одлучен да се продолжи со оваа воена операција се додека таа цел не биде остварена.
(Фото: АП)