Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху прогласи победа над својот ривал Бени Ганц на денешните парламентарни избори.
Ова се трети избори за помалку од една година, одржани во најголемата политичка криза во историјата на еврејската држава.
-Ова е голема победа за Израел, напиша Нетанјаху на Твитер објавувајќи ги резултатите од изборните анкети.
Според тие резултати, Нетанјаху има голема предност пред партијата „Сино и бело“ на Ганц.
Израелските медиуми објавија дека разговарал со сите десничарски партии и се договорил за формирање на силна национална влада што е можно побргу.
Излезните анкети покажуваат дека партијата Ликуд на Нетанјаху освои 36 до 37 од 120-те места во Парламентот. Неговиот ривал пак, освоил 32 или 33.
Податоците покажуваат дека на десничарскиот блок на Нетанјаху ќе му недостига еден пратеник за да има мнозинство од 61, потребни за самостојно формирање на Владата.
Левиот центар, како што покажуваат анкетите, ќе имаат 52 до 54 пратеници.
Првичните официјални резултати ќе бидат објавено на утро.
На претходните избори во април и септември немаше јасен победник и не можеше да се фомира нова влада.







