Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нецелосната транспарентност на државните институции, пречка во борбата против корупцијата
Македонија

Нецелосната транспарентност на државните институции, пречка во борбата против корупцијата

јуни 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државните институции не се целосно транспарентни и недостига инклузивност на сите засегнати страни во процесот на креирање политики, а постои и недоследна имплементација на домашната регулатива, што се клучни за ефективна борба против корупцијата.

Ова се заклучоците од извештајот во сенка за вториот процес на ревизија и имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации против корупција (УНКАК) во Република Северна Македонија со акцент на имплементација на поглавјето 2 (превентивни мерки) и поглавјето 5 (враќање на имот), што денеска беше претставен на Форумот за антикорупциски реформи во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество.

Заменик министер за правда Оливер Ристовски, рече дека стратешки приоритет на Владата е борбата против корупцијата и посочи дека со носењето на новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси во јануари 2019 година се зајакнува статусот на Државната комисија за спречување на корупцијата преку проширување и зајакнување на нејзините надлежности.

„Во 2018 година од извештаите кои ги добива министерството од СЈО и ЈО имало вкупно 13 ново оформени предмети на случаи на корупција од висок профил. Претежно се тоа кривични дела за злоупотреба на службената положба и овластување, каде 85 проценти се во надлежност на СЈО. Од страна на судовите за овие предмети веќе има изречени мерки за привремено одземање на предмети и една мерка за привремено замрзнување на финансиски трансакции, изјави Ристовски.

Посочи дека Министерството работи на создавање систем за следење на случаи на корупција и генерирање статистички извештаи, во кој ќе бидат поврзани сите релевантни институции со цел олеснување на процесот за обезбедување на сеопфатна статистика за превенција и репресија на корупцијата и перењето пари.

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Владимир Георгиев, посочи дека постапуваат по сите области и веќе имаат отворено предмети на случаи на голема корупција по кои веќе постапуваат.

„Сепак, додека се во рамки на прибирање на дополнителни информации и средби со лица кои може да дадат одреден придонес и информација за одредени случаи, тоа го правиме. Откако ќе бидеме готови со нашите наоди ние ќе ги соопштиме и на седница. Ние работиме паралелно на сите полиња и не би ги делел на ситни или крупни, изјави Георгиев.

Првиот човек на МЦМС Александар Кржаловски, вели дека извештајот содржи повеќе препораки што се однесуваат на самите институции и односот на државата кон овој проблем, што постојано се посочува како еден од најголемите во изминатите 15 години.

„Во однос на ДКСК слушнавме дека веќе има над 500 пријави за корупција откако е оформен новиот состав и тоа е некаква индикација дека граѓаните се поподготвени и самите да придонесат во борбата против корупцијата, изјави Кржаловски.

Посочи дека од нивните досегашни истражувања се констатира дека или се прави или премалку или предоцна во борбата против корупцијата, додека премногу фокусот на почетокот е на премали работи, како што е употребата на државните возила за изборните кампањи, што е мала во светло на сите случаи на голема корупција што ги чувме во бомбите.

 

актуелно државни институции транспарентност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.