Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана на колегата Дитмир Бушати, утре ќе оствари официјална посета на Албанија.
По средбата со шефот на дипломатијата на Република Албанија, предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата министри.
Во рамките на посетата предвидено е Димитров да оствари средби и со претседателот на владата и со шефот на државата, Еди Рама и Илир Мета.







