Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нимиц: Имплементацијата на Преспанскиот договор отвора прашања за кои е потребно време
Македонија

Нимиц: Имплементацијата на Преспанскиот договор отвора прашања за кои е потребно време

март 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Периодот на имплементација на Договорот од Преспа ќе отвори прашања како што е работатата на Комитетот за учебниците и комерцијалната употреба на името „Македонија“, вели посредникот на ОН во спорот за името амбасадорот Метју Нимиц.

„Една од работите кои создаваат загриженост е иредентизмот и демонизацијата на соседот. Сама по себе промената на името бара многу време. Секој пасош, возачка дозвола, универзитетска диплома, извод од матична книга на венчаните, таблите на институциите мора да се сменат.

За тоа ќе биде потребно време, исто како што ќе биде потребно време и за односите меѓу народите на двете земји. Постојат прашања и во делот на комерцијалната употреба на името „Македонијa“, изјавил Нимиц на брифингот за новинарите во седиштето на Светската организација.

Осврнувајќи се на неговиот повеќегодешен ангажман за надминување на спорот кој се смета за најдолг стаж воопшто на именуван посредник од страна на генерален секретар на ОН, Нимиц вели дека е задоволен од успехот на преговорите меѓу Атина и Скопје.

„Луѓето често велеа колку досадна работа, да се поминат 25 години работа на еден збор, едно име. Зошто луѓето не седнат и не се договорат за име за што се потребни пет минути. Но, не се работи само за името, кое е само врвот на сантата мраз кој е видлив, станува збор за прашање на чувството за идентитет во двете земји.

Прашањето имаше историски и емоционални аспекти и се уште има, појаснува Нимиц.

Тој го нагласува и значењето на политичкото лидерство во надминувањето на спорот за името.

„Лидерите се менуваат и навистина верувам дека тие имаат големо влијание врз историјата. Лидерите во двете земји имаа различни ставови
спорот. Имаше периоди кога некои лидери го ставаа ова прашање на дното од листата на приоритети, некои не беа подготвени да преземат голем ризик. Една од позитивните работи која придонесе ова прашање да се затвори е што имавме лидери од двете страни кои навистина искрено одлучија „сакаме да го решиме проблемот, ќе вложиме политичка енергија во тоа и ќе преземеме ризици, ќе направиме компромис“, вели Нимиц.

Се присетува и на времето на неговите преговори со двајцата министри за надворешни работи Димитров и Коѕијас, главно водени во Виена, кои резултираа со договорот што покрива цела низа прашања и области.

„Се надевам дека ова ќе води до добри односи меѓу двете земји и до побезбеден регион. Грција го повлече нејзиното противење на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО. Ова е решението и со тоа мојот проект е завршен, подвлекува Нимиц.

Прашан како успеал да остане медијатор во овој спор толку долг период, Нимиц појаснува дека тоа се должи на довербата кон него од двете преговарачки страни.

„Секоја година јас ги прашував Атина и Скопје дали сакаат да останам, бидејќи во преговорите не може да останете ако немате доверба од двете страни, ќе мора да се повлечете. Тие, пак, секогаш ми велеа, останете уште една година, немаме постигнато прогрес, но продолжуваме со напорите, истакнува амбасадорот Метју Нимиц.

актуелно имплементација преспански договор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.