Александар Василевски Нинџа сам отишол во Кривичниот суд и се пријавил по неколку месеци бегство. Нинџа го подигна од Скопска единица решението за притвор кое веќе му било изготвено додека беше во бегство. Со решението Василевски е испратен во истражниот затвор во Шутка. Нинџа е еден од обвинетите за крвавиот упад во Собранието на 27 април.
Според обвинителството, тој мобилизирал луѓе и потоа им делел фантомки за да го заштитат идентитетот.
Екипирањето Нинџа го започнал откако добил повик од Виена. Случајно или не, во Австрија на службен пат на 27 април лани беше тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Според обвинителството, на Нинџа му се јавил еден од телохранителите на Груевски, разговор кој лично екс-премиерот го потврди и посочи дека бил од семеен карактер или Нинџа и неговиот обезбедувач биле браќа. Инаку, пред Василевски, сам се предаде и неговиот другар, Никола Митревски Кољо, кој беше во бегство откако обвинителството за организиран криминал започна со острага за 27 април лани.
АЛСАТ М







