Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година ја победи Бугарија со 1-0, во пријателски натпревар одигран на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Младите фудбалери славеа со погодокот на Марјан Радески во 43-та минута.
Радески искористи една од бројните прилики кои Македонија ги имаше пред противничкиот гол.
Победата на избраниците на Благоја Милевски можеше да биде и поубедлива.
Петар Петковски не успеа да реализира пенал во завршницата на средбата.
За македонските надежи ова беше последна контролка пред настапот на Европското првенство во Полска во јуни годинава.







