Фотографијата на која е млада девојка од 19 век која необично потсетува на Грета Тунберг покрена мноштво шпекулации на тема – дали активистката против климатските промени е „патник низ времето“.
На црно-белата фотографија од архивата на Универзитетот во Вашингтон се гледаат три деца кои напорно работат во Јукон во Канада, во 1898 година.
Девојката што е во прв план на сликата е исклучително слична со Швеѓанката Грета Тунберг.
За многу корисници на социјалните мрежи таа фотографија значи само едно: Грета Тунберг е патничка низ времето.
(Фото: ЕПА)









