Повторно се активираа заканите со дојави за бомби. Денеска, само неколку дена од почетокот на второто полугодие, мејлови дека кај нив има поставено експлозивна направа добија осум скопски училишта.
Информациите ги потврдија од Министерството за внатрешни работи.
„Денеска околу 11.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на осум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.
Како што дознава „А1он“, во една од пораките испратена до скопско училиште пишува дека бомбата ќе експлодира преку сателитски сигнал и дека никаков вид на блокатори не може да ги спречи. Во пораката е надевено дека поставувачите на бомби бараат исполнување на некои услови, но, досега не успеавме да дознаеме дали во пораките пишува што точно бараат.
Досега сите закани за бомби во училиштата во Скопје и другите градови беа лажни.
(Фото: Петр Стојановски / ДВ)







