Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нови оптимистички најави од Брисел за одлука за почеток на преговори во јуни
Македонија

Нови оптимистички најави од Брисел за одлука за почеток на преговори во јуни

мај 21, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од Брисел стигнаа нови оптимистички најави дека Северна Македонија во јуни ќе добие одлука за почеток на преговори со Европската Унија, а оти до крајот на годинава да бидат отворени и првите поглавја.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, покрај очекувањето дека земјава ќе добие одлука за почеток на преговори со Унијата, на Виенскиот економски форум „Нови перспективи за Република Северна Македонија“, рече дека земјава е единствената во Западен Балкан која нема спорови со соседите и е политички најстабилна во регионот.

Нагласи дека Северна Македонија е позитивен пример како можат да се решаваат проблемите и охрабрување за надминување и на другите спорови особено меѓу Белград и Приштина.

Уверување дека Европската комисија во Извештајот ќе препорача отворање преговори, изрази и евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар.

„Јас сум убеден дека извештајот ќе препорача отворање преговори со Република Северна Македонија, рече вчера евроамабасадорот Самуел Жбогар, одговарајќи на прашањето на МИА дали земјава ќе добие позитивен извештај и датум за преговори.

Додаде дека во Извештајот за состојбите во земјава, ќе биде одразен огромниот напредок што беше постигнат во државата изминатата година.

„Таквата одлука очекуваме да се случи во јуни и се надеваме дека токму тоа ќе се случи. Сметам дека земјата во измината година навистина ја покажа својата посветеност на Европската Унија и на реформите. Се донесоа некои важни одлуки и опозицијата и Владата работат на многу важни закони и сметам дека имате со што да се пофалите и се надевам, исто така, дека ќе бидете пример во регионот за земја која е посветена на реформи, рече вчера Жбогар.

И премиерот Заев, кој учествуваше на Виенскиот економски форум, е оптимист дека Европската комисија ќе донесе одлука за почеток на преговори. Тој во Виена оствари средба со еврокомесарот Хан.

„На билатералната средба со комесарот Хан, разговаравме за очекувањата ова лето, јуни – јули, за конечната одлука на Европската Унија што треба да значи конечно одлука за добивање на датум за преговорите, рече Заев.

Премиерот истакна дека е оптимист, и оти треба да се почекаат да завршат евроизборите, за да може уште појасно да ги знаеме ставовите на Франција и на Холандија.

„Канцеларката Меркел е позитивна. Веруваме дека ќе се придвижат процесите онака како што ние очекуваме заради тоа што навистина заслужуваме. Направивме премногу, сите го потврдуваат тоа и конечно заслужуваме позитивен фидбек од Европската Комисија и од Европската Унија преку земјите членки за добивањето на датумот за преговори, нагласи Заев.

Премиерот Заев на средбата со Хан, подвлече дека отпочнувањето преговори за влез во ЕУ е единствената гаранција дека земјата и натаму ќе биде стабилна, дека ќе води инклузивна политика и дека ќе продолжат реформските процеси во Северна Македонија.

актуелно ЕУ најава оптимизам почеток преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.