За земјите со особено голем број инфекции, меѓу кои е и нашата, или со опасни мутации – од недела важат построги правила за влез во Германија. Контролата се спроведува на германските граници и аеродроми.
За да ја заштити Германија од увоз на нови случаи со корона, сојузната влада класифицираше значително повеќе земји во области со висок ризик отколку порано, пренесува ДВ. Новина е списокот на земји во кои т.н. седумдневна инциденцијаа е повеќе од 200 новозаразени на 100.000 жители неделно (Германија во моментов: 111).
Сите патници кои доаѓаат или се враќаат во Германија, потребно е да се регистрираат преку интернет на Einreiseanmeldung.de – пред да влезат во земјата.