Сантијаго Солари повторно ќе мора да размислува за алтернативни решенија околку поставувањето на одбраната за следниот натпревар во „Ла лига“ закажан за 3-ти февруари.
Варан е суспендиран поради црвениот картон од пресметката Еспањол, Карвахал е суспендиран поради акумулирани пет жолти картони, додека капитенот Серхио Рамос го повреди левото колено и го очекува пауза од зелениот терен.
Пред дуелот со Алавес, Реал Мадрид го очекува реваншот против Џирона од четвртфиналето од Купот на Кралот. За овој натпревар достапни за тимот на Солари ќе бидат Варан и Карвахал.

Реал Мадрид по 21 коло во Ла лига е на третото место со 39 бода, десет помалку од лидерот Барселона.







