Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нови производствени капацитети на „Алкалоид“, инвестиција од 11 милиони евра
Економија

Нови производствени капацитети на „Алкалоид“, инвестиција од 11 милиони евра

декември 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– „Алкалоид“ АД Скопје пушти во употреба нови производствени капацитети за цврсти фармацевтски форми на површина од 7 000 квадратни метри. Инвестицијата изнесува 11 милиони евра.

-Посветеноста на постојаниот раст и развој, следењето на трендовите и најновите достигнувања во сферата на фармацијата, соопшти денеска компанијата, се главните причини поради кои во изминативе две децении „Алкалоид“ АД Скопје се задржа на курсот на континуирано инвестирање, вложувајќи преку 200 милиони евра. -Во таа насока се и инвестициите во новите производствени капацитети, изведени во согласност со строгите барања за Добра производствена пракса (GMP). Три и пол милиони евра од инвестицијата беа наменети за целосно технолошко подготвување на Одделението за пакување цврсти форми, со површина од 2 000 метри квадратни; 5,2 милиони евра беа искористени за техничко-технолошко опремување, а 2,3 милиони евра чинеше изградбата на два нови ката наменети за производство на цврсти фармацевтски форми и придружен простор за техничко-технолошка опрема, со вкупна површина од 5 000 метри квадратни. Целта на оваа инвестиција и идните вложувања во овој оддел се во насока на зголемување на производствените капацитети на цврсти фармацевтски форми за 50 проценти, наведуваат од „Алкалоид“.

Поради специфичноста на процесите и пандемијата, примопредавањето на новите капацитети церомонијално го спровеле Милкица Глигорова, директор на производствениот сегмент на ПЦ Фармација, и гЖивко Мукаетов, генералeн директор/претседател на Управниот одбор на компанијата, во присуство на членови на високиот менаџмент на „Алкалоид“ АД Скопје.

-Осум месеци по започнувањето на оваа капитална инвестиција пандемијата го парализираше светот. Работевме во вонредни услови без да ги попречиме тековните производствени процеси. И покрај сите објективни и субјективни предизвици во изминатиов период, особено сме горди што на прагот на годината на нашиот 85-годишен јубилеј предаваме во употреба уште еден комплетиран инвестициски проект.

По истиот курс ќе продолжиме и во иднина – со нови вложувања во истражување, развој, нови технологии, во знаење, кадар и во освојување нови пазари.

 


„Алкалоид“ како македонска компанија ќе продолжи достоинствено, рамо до рамо да се носи и да биде конкурентна со големите светски фармацевтски системи, како со знаење така и со капацитети. Тој пат го трасиравме сами и на тој пат ќе останеме зашто веруваме во себе!“, изјави Мукаетов.

Оваа инвестиција, наведуваат од „Алкалоид“, е во согласност со политиката на компанијата за вложување во капитални проекти, а со оглед на тројното зголемување на консолидираните приходи од продажби во изминативе 15 години, ваквиот потфат беше неопходен за осигурување на уште поинтензивни пласмани и на континуиран раст. Комплетирањето на оваа инвестиција создало услови за реализирање на повеќе од 200 нови вработувања во компанијата.

11 милиони евра алкалоид инвестиција капацитети Нови производствени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.