Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нови 37 случаи на ковид 19, вкупно 1207 дијагностицирани, починаа две лица, оздравени 15
Во Фокусот

Нови 37 случаи на ковид 19, вкупно 1207 дијагностицирани, починаа две лица, оздравени 15

април 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потврдени 37 нови случаи на ковид 19 со што вкупно во земјата се 1207 дијагностицирани пациенти, починаа две лица, а оздравени се 15 пациенти, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 15 излекувани пациенти, шест пациенти од болничко лекување и девет кои се лекувале во домашни услови.

– Починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети, појаснуваат во соопштението од МЗ.

Во изминатите 24 часа потврдени се 37 нови случаи на ковид-19 и тоа Скопје 8, Куманово 9, Прилеп 5, Тетово 3, Велес 3, Охрид 8 и Кочани 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1207. Во Скопје 409, во Куманово 329, пациенти, Дебар 51, Штип 32, Прилеп 117, во Тетово 55, Струга 55, Велес 58, во Битола 17, Охрид 15, Кавадарци 4, Гостивар 12, Гевгелија 4, Струмица 2, во Крива Паланка 4, Радовиш 4, Крушево 3, Кочани 27, Пробиштип 2, Кичево 2, Неготино 2, Демир Хисар 1 и Македонски Брод 2.

Во изминатото деноноќие, се подвлекува во соопштението од МЗ,  направени се 314 теста. Преку ИЈЗ 222, преку Ветеринарен ф-тет 0, Авицена 3, Биотек 27, Филип Втори (Жан Митрев) 17 и Систина со PCR метода 45 . Досега во земјата се направени вкупно 11.870 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а пет се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови, а вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, седум пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата со дозвола на ДЗСИ се испишани три пациенти, се уште позитивни, но во општа добра состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови, под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.

Во болницата во Битола, се посочува, се хоспитализирани 13 пациенти, од нив три се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат пет ковид позитивни пациенти, испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, информираат од МЗ, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.

актуелно дијагностоцирани заболени оздравени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.