Актуелниот и поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски, ја бојкотираа денешната седница на парламентот на која зборуваше шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.
Белградски „Новости“, повикувајќи се на информации од интернет порталот „Порталб.мк“, во својот текст наведува дека и Иванов и Црвенковски биле уредно повикани, но дека и двајцата не се одзвале на поканите.
Инаку, говорот на Могерини го следеа голем број медиуми од Македонија и од регионот.
На седницата присуствуваа пратениците, премиерот Зоран Заев, високи претставници од правосудството и претставници на верските заедници.
Говорот од галеријата го следеа голем број претставници од дипломатскиот кор, меѓу кои беше и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.
На седницата присуствуваа и пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои инаку ја бојкотираат работата на парламентот.
Ова беше прв говор на Могерини во македонското Собрание.
(Фото: Петр Стојановски)







