Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НОВО ВРЕМЕ: Секој ќе може да стане програмер!
Компјутери

НОВО ВРЕМЕ: Секој ќе може да стане програмер!

мај 30, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Извршниот директор на „ЕнВидиа“, Џенсен Хуанг, вели дека „секој може да биде програмер“, бидејќи генеративната вештачка интелигенција ќе разбира повеќе форми на внесување, вклучувајќи и говорот.

И,не само што ќе може да креира нови апликации, туку ќе биде во состојба и да ги подобри постоечките.

Во пресрет на ѕвездениот извештај „ЕнВидиа“ за заработка и последователниот раст на акциите, Хуанг предвидува дека светот влегува во „нова компјутерска ера“.

Тој вели дека секој може да биде програмер, само со разговор со компјутерот, и саканите функции ќе се појават, ќе излезат на виделина.

Програмерите повеќе нема да мора да пишуваат ретки кодови, само за да им се прикаже страшното „неуспешно компајлирање“ поради тоа што недостасува точка или запирка.

„Како ќе се направи тоа? Со генеративната вештачка интелигенција“, рече Хуанг за време на неговото воведно обраќање, вчера, на форумот „Компјутекс“ (Computex Forum) во Тајван.

Во својот прв јавен говор после пандемијата, Хуанг ја претстави новата платформа за суперкомпјутерска вештачка интелигенција наречена ДГХ ГХ200 (DGX GH200), чија цел е изградба на генеративни модели со вештачка интелигенција.

Генеративната вештачка интелигенција е тип на технологија за вештачка интелигенција која може да произведе различни типови на содржина, вклучувајќи текст, слики, аудио и синтетички податоци.

„На овој компјутер не му е грижа како ќе го програмирате, тој ќе се обиде да разбере што мислите, бидејќи има неверојатно голема можност за јазичен модел.И така програмската бариера е неверојатно ниска“, истакна Хуанг.

„Го затворивме дигиталниот јаз.

Секој е програмер. Сега само треба да му кажете нешто на компјутерот“.

Од „ЕнВидиа“ посочуваат дека генеративната вештачка интелигенција е „најважната компјутерска платформа на нашата генерација“, бидејќи поединци и компании се движат кон создавање нови апликации и искористување на генеративната вештачка интелигенција во тој процес.

„Креативните професионалци ќе можат да креираат слики со едноставно текстуално упатство, додека програмерите ќе можат да го забрзаат развојот на апликациите и да ги отстранат грешките“, велат од компанијата.

Дури и архитектите можат да генерираат 3Д модели од 2Д планови.

„Секоја компјутерска ера ви овозможи да правите различни работи кои претходно не беа можни“, рече Хуанг, додавајќи дека „вештачката интелигенција секако ги исполнува условите“.

Објасни дека оваа компјутерска ера е „специјална на неколку начини“.

Хуанг потенцираше дека генеративната вештачка интелигенција може да разбере и други информации, освен текстови и бројки.

„Сега може да ја разбере мултимодалноста, што е причина зошто оваа компјутерска револуција може да влијае на секоја индустрија“, додаде тој.

За разлика од традиционалните модели на развој на компјутерски апликации, кои бараат нови апликации и нов хардвер за прилагодување на напредокот како што е вештачката интелигенција, Хуанг рече дека генеративната вештачка интелигенцијане само што ќе може да влијае на новите апликации, туку и ќе ги подобри старите.

„Секоја апликација што постои ќе биде подобра поради вештачката интелигенција… Може да успее со старите апликации. Но, ќе има и нови примени. Стапката на напредок, бидејќи е толку лесна за користење, е причината зошто расте толку брзо“.

актуелно апликација интелигенција програмер хардвер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.