Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НОВ ИНЦИДЕНТ: Протекува еден од најголемите нафтоводи во светот
Во Фокусот

НОВ ИНЦИДЕНТ: Протекува еден од најголемите нафтоводи во светот

октомври 12, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ПЕРН, полскиот оператор на гасоводот, утринава објави дека „системите за автоматизација вчера доцна вечерта откриле истекување во цевководот ‘Дружба’, на една од двете линии на западниот дел на нафтоводот“ во близина на градот Ланиа, на околу 80 километри северозападно од Варшава.

Тоа е линијата преку која сурова нафта стигнува до Германија. Останатите елементи на инфраструктурата со кои управува ПЕРН, работат без никакви пречки.

Причините за истекувањето не се познати, се вели во соопштението за печатот објавено од ПЕРН на нивната веб-страница, потпишано од Катарзина Красињска.

Локацијата на инцидентот е обезбедена и се спроведуваат мерките предвидени за таков случај.

Нафтоводот „Дружба“ е еден од најголемите во светот, кој го снабдува со руска нафта поголемиот дел од централна Европа, вклучувајќи ги Германија, Полска, Белорусија, Унгарија, Словачка, Чешка и Австрија.

Од 5 декември оваа година, Европската унија ќе престане да купува нафта која доаѓа преку „Дружба“, со исклучок на Унгарија, Словачка и Чешка, бидејќи тие немаат пристап до морето. До крајот на следната година тие земји треба да најдат алтернативно снабдување.

Засега нема реакција од рафинеријата за нафта во источниот германски град Швед, која е зависна од нафтоводот „Дружба“. Германската влада има намера таа нафта да ја замени со казахстанска нафта, која исто така ќе доаѓа преку „Дружба“.

„Овде можеме да зборуваме за случајна штета“, изјави за Ројтерс највисокиот полски функционер задолжен за енергетската инфраструктура, Матеуш Бергер, додавајќи дека нема причина да се верува дека истекувањето било предизвикано од саботажа. Така е отфрлена можноста инцидентов да се поврзе со неодамнешните потврдени саботажи на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ што минуваат по дното на Балтичкото Море.

Сторителот сè уште не е официјално именуван за овој чин, иако повеќето земји веруваат дека виновникот е Русија, бидејќи тоа создава предуслови добавувачот на гас, „Гаспром“, да го намали снабдувањето на Европа (читај Германија) повикувајќи се на технолошки тешкотии, поради што не може да биде обвинет за прекршување на одредбите од договорот за снабдување со гас. Официјална Москва, поради неволјите што ги трпи нејзината агресија врз Украина, настојува да го намали дотокот на енергенси во Европа, така што Унијата, поради високите цени и недоволното снабдување, ќе ја намали помошта за Киев и ќе се врати на енергетските зделки со Москва.

Кремљ веднаш ги обвини САД за саботажа, тврдејќи дека сакаат што е можно помал проток на руски гас во Европа за, како што велат, да можат да продава што е можно повеќе од своите резерви по екстра високи цени.

Русија користи низа притисоци за да предизвика раздор во членките на Европската унија, што досега не успеа бидејќи Унгарија се согласи на осмиот пакет санкции – тоа треба да се види во светло на притисокот од Брисел дека мора да ја уреди внатрешниот систем за контрола на корупцијата за да добие средства од Фондот за закрепнување (вкупно 12 милијарди евра).

актуелно гасовод германија Европа Инцидент нафта нафтовод Полска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.