Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нов концепт за основно образование, МОН уверува дека не се бришат содржините од наставните предмети
Во Фокусот

Нов концепт за основно образование, МОН уверува дека не се бришат содржините од наставните предмети

декември 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новиот концепт за основно образование што го најави Министерството за образование и наука, а со кој се планира спојување на предметите историја со географија и
граѓанско општество, и биологија со физика и хемија изминатите денови предизвика реакции во јавноста.

За таа цел, вчера Министерството за образование и наука (МОН) преку презентација ги појасни дел од грижите што ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците во однос на новиот концепт.

Воведувањето на наставниот предмет општествени науки, велат од МОН, не значи дека се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него стануваат задолжителен дел од интегрираната наставна програма.

Преку интегрирање содржини од историја, граѓанско образование и географија, наставниците по овие предмети ќе продолжат да работат во училиштето, но сега заеднички ќе ја планираат наставата.

Концепцијата за основно образование, како што вчера појаснија од МОН, ја дава „рамката“ според која се планира основното образование и документот не ги брише содржините од наставните предмети, ниту пак предвидува менување на содржините од предметот историја.

Изработката на поединечните наставни програми ќе следува по развојот и прифаќањето на концепцијата.

Наставните програми ќе бидат изработени од наставници, универзитетски професори и советници од Бирото за развој на образованието.

Според МОН, интегрираните наставни програми позитивно влијаат на постигнувањата на учениците и им овозможуваат да го користат наученото и надвор од определен предмет, да го користат своето знаење креативно и да развијат критичка мисла и ефективни стратегии за учење.

Тие уверуваат дека концепцијата за основно образование не го одредува бројот на наставници.

Направените анализи, според нив, укажуваат дека сите наставници остануваат на работа, бидејќи севкупниот број на часови во наставниот план не е намален.

Со предвидените слободни изборни предмети, наставниците имаат слобода и можност да ја искористат својата креативност во изработка на наставни програми за изборните предмети, според интересите и барањата mна учениците.

„Во подготовката на новата Концепција, МОН се водеше од истражување, спроведено во ноември 2020 на 4168 наставници, кои ги идентификуваа потребите од образовна реформа и аспектите на кои таа треба да се базира. Исто така, земени се предвид анализите од меѓународни релевантни организации и институции кои укажуваат дека се потребни итни и неодложни реформи на образованието“, информира вчера МОН во
соопштението придружено со презентација.

Намерата на Владата, како што вчера нагласи премиерот Зоран Заев, не е да ги укине предметите историја, географија, физика или биологија во образованието.

„Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставните содржини кои се вишок и не им се потребни на учесниците со цел да добијат дополнително можност за општествени и социјални дејности во рамки на времето кое го поминуваат во училиште“, истакна премиерот Зоран Заев, појаснувајќи го новиот концепт.

Тој нагласи дека нема да се брза со оваа реформа, иако, како што рече, таа е важна и треба час поскоро да се започне.

Премиерот посочи дека внимателно ќе се слушнат сугестиите од сите засегнати страни.

„Тука е експертската јавност, тука се универзитетите, тука се наставниците, професорите, но и стручните служби од МОН, Бирото за развој на образованието, Педагошката служба и сите релевантни институции за ова прашање“, рече Заев.

Со став околу новите реформи во образованието вчера излезе и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) според кои реформите треба да обезбедат систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја, укажувајќи на научниот факт дека македонскиот народ зборува на македонски јазик веќе со векови, на територијата на нашата држава и надвор од неа.

Посочуваат дека реформите треба да обезбедат и динамична рамнотежа меѓу математиката, природните и техничките науки, од една страна, и општествените и хуманистичките науки, вклучувајќи ги етиката и моралните вредности, од друга страна; како и континуиран (на подолг период и без прекин) инклузивен и одржлив економски раст на земјава.

актуелно концепт МОН наставни предмети основно образование
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.