Две лица се повредени во напад во средно училиште во американската сојузна држава Индијана.
Напаѓачот е уапсен.
Повредените се пренесени во болница, а семејствата се известени за вооружениот инцидент, соопшти полицијата.
Властите додаваат дека напаѓачот делувал сам, но не дадоа повеќе информации за него.
Пред една недела во Санта Фе во Тексас при напад во училиште беа убиени осум ученици и двајца натавници.







