Санторини синоќа беше погоден од силен, плиток земјотрес со јачина од 5,3 степени, најсилниот што го погоди грчкиот остров за време на неодамнешната сеизмичка активност во областа.
Земјотресот бил почувствуван и во Атина, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 17 километри, јавува Би-Би-Си.
Санторини доживува сеизмичка активност од минатиот месец, а сеизмолошката лабораторија на Универзитетот во Атина забележала повеќе од 12.800 земјотреси.
Некои жители патролираат во опасните области за да ги спречат туристите да се искачат на карпите и да фотографираат.
Поради зачестеноста и јачината на земјотресите, во многу делови на Санторини имало лизгање на земјиштето, а експертите не ја исклучуваат можноста за уште посилен земјотрес.







