Норвешката влада сака да им го олесни товарот на граѓаните од се поголемите сметки за струја.
Домаќинствата ќе добијат владина помош за екстремно големи сметки. Државата ќе им плати половина од она што ќе ја надмине граничната цена од 7,8 центи за киловат.
Мерката ќе стапи на сила во декември 2021 година и ќе трае до март.
„Секоја вонредна ситуација бара итна мерка“, рече премиерот Јонас Гар Сторе вчера на прес-конференција во Осло.
Според владата, ќе бидат издвоени 560 милиони долари за помош на граѓаните.
Норвешка инаку е меѓу најбогатите земји во светот кога станува збор за БДП по глава на жител – тој за секој Норвежанец изнесува 70.000 долари годишно.







