Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Последните два месеци по сигналите за договор меѓу САД и Иран, нафтата падна на најниско ниво

јуни 12, 2026

Трет месец по ред САД се најголем светски извозник на нафта и деривати

јуни 12, 2026

Нуркачи пронајдоа 1.700-годишен римски мост во Швајцарија

јуни 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Последните два месеци по сигналите за договор меѓу САД и Иран, нафтата падна на најниско ниво
  • Трет месец по ред САД се најголем светски извозник на нафта и деривати
  • Нуркачи пронајдоа 1.700-годишен римски мост во Швајцарија
  • Научниците: Плутон не е статичен и мртов свет, туку комплексно небесно тело со активни геолошки процеси и динамични атмосферски промени
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нуркачи пронајдоа 1.700-годишен римски мост во Швајцарија
Интересно

Нуркачи пронајдоа 1.700-годишен римски мост во Швајцарија

јуни 12, 2026Updated:јуни 12, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Швајцарските нуркачи открија битен мост од древноримската ера, по којшто научниците и истражувачите трагаа со години. Се верува дека ова би можело да биде засега единствениот ваков пример за дрвен мост на столбови што постои.

Додека беа во тек плановите за изградба на нов мост над реката Аре, швајцарските археолози ја открија градбата при рутинско истражување во областа, инаку близу Золотурн, Швајцарија. И претходно имаше сомнежи дека местото содржи столб на мост, или пак, структура од дрвени столбови. Археолозите беа особено заинтересирани поради неговата „стратешка географија“ и „позиција по важната трансалпска трговска и воена рута“. Овој долго баран мост беше дел од главниот пат што ја поврзувал древна Италија со реката Рајна, објави „ЛБВ (LBV)“.

Колците, долги малку помалку од два метра и распоредени во насока на течението на реката, обезбедија прв физички доказ. По анализата на дрвото и остатоците од мостовата структура, потврдено е дека мостот датира од 4 век.

Историски гледано, латинското име на градот Золотурн е латинизиран келтски топоним (Салодурум) што се толкува како „стеснување на реката“ или „порта на брановите“.

Бидејќи дрвото старо 1.700 години би се распаднало ако е изложено на воздух, денешниот градежен проект нема да го оштети скапоценото дрво потопено во реката, па тоа ќе остане во својата „водна гробница“, според „Херитиџ дејли (Heritage Daily)“. Археолозите ќе продолжат да го проучуваат мостот, и се надеваат дека ќе добијат нови сознанија за тоа како бил изграден и како функционирал во огромната мрежа што ги поврзувала Средоземното Море и северна Европа.

Золотурн – и денес живописен град, некогаш имал важно стратешко значење поради својата местоположба на реката Аре. Оваа област била добро развиена и поврзана со важни патишта. Римјаните го изградиле овој столб на мостот за да го зајакнат клучниот премин.

 

 

Фото: МИА

актуелно археологија мост римска империја швајцарија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Последните два месеци по сигналите за договор меѓу САД и Иран, нафтата падна на најниско ниво

јуни 12, 2026

Трет месец по ред САД се најголем светски извозник на нафта и деривати

јуни 12, 2026

Научниците: Плутон не е статичен и мртов свет, туку комплексно небесно тело со активни геолошки процеси и динамични атмосферски промени

јуни 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.