Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обвинетите за убиството на Денис Тот не се чувствуваат виновни, судењето продолжува на 14 септември
Истраги

Обвинетите за убиството на Денис Тот не се чувствуваат виновни, судењето продолжува на 14 септември

септември 5, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.

На денешното, прво рочиште од процесот, обвинителката Тања Трајчевска го даде воведниот говор на Обвинителството во кој го образложи обвинителниот акт со кој го опиша настанот во кој хрватскиот ракометар, Денис Тот, беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје.

„Од сите тие удари оштетениот се здобил со повеќе повреди, како и тешки телесни повреди и како резултат на сите тие повреди кај оштетениот настанала коматозна состојба. Истиот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Клиничкиот центар Мајка Тереза, рече таа.

Дополни дека како резултат на повредите и настанатата траума на главата дошло до пореметување и прекин на мозочните неурони кое резултирало со смртен исход на 8 април 2022 година во 11:40 часот.

Трајчевска посочи на листата на докази со кои располага Обвинителство, а помеѓу кои се записник за претрес на дом и други простории, потврди за привремено одземени предмети, со кои што, како што рече, е одземена облеката од оштетениот и дел од облеката на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски.

„Раполага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден, рече таа.

Дополни дека Обвинителство располага и со вештачење на облеката, вешти наоди и мислења по однос на пресметливоста на сите кои се обвинити, како и медицинска документација од која произлегуваат видот и карактерот на повредите кои оштетениот ги здобил критичната ноќ.

„Исто така, изготвен е и писмен извештај за извршена обдукција од 9 април 2022 година од Институт за судска медицина при медицинскиот факултет во Скопје, во прилог ЦД од извршена обдукција, како и писмен извештај за извршени вештачење од 20 јуни 2022 година од Институт, а од кои произлегува причината за смртта на оштетениот како и причинско последичната врска помеѓу смртта, која настапила кај оштетениот и дејствијата кои ги презеле обвинетите критичниот ден, образложи таа.

Од страна на Обвинителството, дополни, биле испитани законскиот застапник на оштетениот Денис Тот, неговиот татко Игор Тот, како и сведоците кои биле присутни на настанот.

„Со ваквите докази сметам дека ќе докажеме дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин време и место како е опишано во обвинителниот акт, рече Трајчевска.

На денешното рочиште тројцата обвинети изјавија дека го разбираат обвинението кое им се става на товар и изјавија дека не се чувствуваат виновни во врска со истото.

Воведните зборови на одбраната се одложија за наредното рочиште поради барање на еден од бранителите.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април 2022 година, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

„По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а наредното рочиште е насрочено за 14 септември.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно вина денис Обвинети тот
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.