Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обвинителите Ѓешковска, Цветановски и Биковски ќе одговараат за пропусти при истрагата за 27-ми април
Истраги

Обвинителите Ѓешковска, Цветановски и Биковски ќе одговараат за пропусти при истрагата за 27-ми април

мај 28, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Место да отворат сеопфатна истрага за организираниот напад на Собранието на 27 април лани, поранешната шефица на Скопското обвинителство Гордана Ѓешковска, нејзиниот тогашен заменик Јован Цветановски и тогашниот шеф на обвинителството за организиран криминал Златко Биковски го расцепкале случајот на помали истраги, сместувајќи ги во ОЈО Скопје.

„Особено обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, кој е организиран и никако не може да се одвои од истрага за организираниот напад на законодавниот дом, не смеела да се води одвоено и особено не од Скопското јавно обвинителство“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески.

Тој лично покренал дисциплинска постапка против овие тогаш најодговорни обвинители за пасивноста по нападот на Собранието, каде во прашање беа доведени човечки животи.

Јовески, кој останува само на дисциплинска, засега нема да покрева кривична одговорност за тројцата. Тој вели дека за нивниот тогашен шеф, државниот обвинител Марко Зврлевски, не може да има дисциплинска постапка зашто тој веќе не работи во Обвинителството и е под апанажа.

„Покренав дисциплинска постапка за непочитувањето на нормите на работењето во Јавното обвинителство и за нестручно и несовесно работење против тројца тогашни раководни обвинители и постапката е интерна. Очекувам комисијата да одлучи за околу две недели. За поранешниот Јавен обвинител Марко Зврлевски, кој ги свикал вечерта на состанок тројцата обвинители, кога заедно одлучиле да не постапат на повисоко ниво во врска со организираниот напад на Собранието на 27 април лани, не може да има дисциплинска постапка, бидејќи тој не работи веќе во Обвинителството. Тој е под апанажа“, вели Јовески.

Оваа тројка што ги менаџирала двете надлежни обвинителства за насилството во Собранието, додека стоела пасивна два и пол месеца бавејќи се само со кривични пријави за учество во толпа,  направила голема штета и со тоа што оставила време да се избришат и уништат голем број докази – снимки и телефонски комуникации  за учество на државни функционери во  крвавите настани, како  и докази за нарачателите.  На прашање дали ќе има можеби кривична одговорност за Зврлевски и тројцата обвинители, Јовески одговара:

„За предистражна постапка и за истрага, нивните дејствија треба да се подигнати на повисок степен на одговорност“.

Најстрогата казна во дисциплинската постапка е предлог на разрешување. Ако Советот на јавни обвинители ги разреши, Ѓешковска, Цветановски и Биковски, нема да имаат дополнителни последици во врска со пропустите што ги направиле за 27 април.

 

Извор: СДК

актуелно Зврлевски истрага јавни обвинители јовевски постапка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.