Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обвинителството молчи за истрагата, спомнатите слушнале од медиумите
Истраги

Обвинителството молчи за истрагата, спомнатите слушнале од медиумите

мај 28, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поранешната скопска обвинтелка Гордана Ѓешкоска и нејзиниот колега Златко Биковски, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, велат дека за исттрагата против нив слушнале од медиумите

 

Јавното обвинителство на Македонија и Советот на јавни обвинители, односно Етичкиот комитет, не се произнесуваат официјално по информацијата дека за тројца обвинители е поведена дисциплинска постапка, поради сомнеж дека на 27. април минатата година не бил извршен увид во Собранието и дека биле направени низа пропусти во работењето на тој случај.

Во очекување на официјална потврда за тоа дали ќе се бара одговорност за евентуални пропусти поврзани со настаните од „крвавиот четврток“, засега сѐ се сведува на една изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовски, со која тој најави истраги за сѐ што е сомнително, а се однесува на работењето на некои обвинители или обвинителства.

Според пишувањето на некои медиуми, „на тепет“ се нашле поранешната скопска обвинителка Гордана Ѓешкоска, нејзиниот заменик Јован Цветановски и екс-шефот на Основното јавно обвинутелство за гонење на организиран криминал и корупција, Златко Биковски.

Спорад непотврдени сознанија на „ПРАВОСУДСТВО.МК“, како осомничена, наводно, се водела уште една обвинителка што нејзините колеги ја доживуваат како „сива еминениција“ и за која се зборува дека за кратко време изградила пристојна кариера.
Во текот на денов разговаравме со обвинителката Ѓешкоска и со обвинителот Биковски и она што може да се подведе како заеднички заклучок е дека тие за дисциплинската постапка разбрале од медиумите.

„Немам ништо добиено и не можам да коментирам нешто за што слушнав од медиумите“, вели обвинителката Гордана Ѓешкоска и упатува на законската процедура која се однјесува на вакви случаи.

„Јас знам дали и што е превземено, но таков одговор можам да дадам онаму каде што тие вообичаено се даваат во вакви ситуации!“, вели Ѓешкоска и појаснува дека за неа е неразбирливо како може медиумите да знаат за водење дисциплинска постапка, а да не знаат оние чии имиња се споменуваат, притоа имајќи предвид дека законот наложува во рок од пет дена да се даде одговор по изнесените сомнежи.

Со безмалку ист коментар е и јавниот обвинител Златко Биковски. Тој потврдува дека нему не му е ништо доставено и дека нема намера да коментира нешто за што слушнал од медиумите.

Познавачите на состојбите велат дека не треба да се исклучи можноста од поведување постапка за некои обвинители, бидејќи со тоа што не е спроведен увид во Собранието е направен своевиден преседан во работата на Јавното обвинителство. Од друга страна постојат сериозни сомневања дека за овој случај ќе се огласи и Етичкиот комитет на Обвинителството, бидејќи претседателот Тодор Витларов не се огласи ни во случајот на Коле Штерјов, но и за случувањата со гласањата и изборите во Советот на јавни обвинители.

Инаку, времето кога се случи упадот во Собранието на РМ е период кога со Јавното обвинителсто на Република Македнија шефуваше Марко Зврлевски.

Љубиша Станковиќ

 

ПРАВОСУДСТВО.МК

актуелно Ѓешковска Зврлевски обвинителство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.