Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обвинителството побара притвор за две лица за примање награда за противзаконито влијание
Политика

Обвинителството побара притвор за две лица за примање награда за противзаконито влијание

јули 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јавното обвинителство побара притвор за две лица кои се сомничат дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а едното од нив е осомничено и за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинителството од 2 мај годинава против овие две лица водело предистражна постапка при која се собрани повеќе вербални и материјални докази што даваат основа против нив денеска да се отвори истражна постапка по кривична пријава.

„Истражната постапка се води зашто од ноември 2018 година до април 2019 година првоосмоничениот искористувјаќи го своето влијание врз јавен обвинител, влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второсомничениот битно придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставување меѓусебен контакт на првоосомничениот со сопругата на осомничениот во таа постапка лично со осомничениот“, рече на прес-конференција попладнево обивнителката Вилма Русковска.

На средбите, како што рече, осомничените ги увериле сведоците во влијанието на првоосомничениот врз јавниот обвинител и за посредувањето во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра.

Средбите се одржувале на повеќе места во домот на сведоците, но и во домот на
првоосомничениот.

При овие средби од сведокот биле побарани најпрво 8 милиони евра да се запре истражната постапка, а доколку постапката не се запре тогаш во насока на изнаоѓање олеснителни околности сведокот требало да им исплати пет милиони евра со тоа што веќе дадените 1 милион евра во вториот наврат влегувале во тој износ.

Останатите 4 милиони евра било договорено да се исплаќаат сукцесивно на четири месечни рати.

„Откако осомничените се посомневале во доверливоста на средбите и можноста за откривање на кривично правниот настан повеќе не остварувале средби со сведокот во таа насока“, образложи Русковска.

За првосомничениот покрај ова кривично дело се води и истрага за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ зашто претходно примените средства од кривичното дело примање награда за противзаконито влијание ги пуштил во оптек како легално стекнати пари и со нив купувал предмети, облека, плаќал одмор иако сето тоа ги надминувало неговите приходи.

На новинарски прашања обвинителката не ги откри идентитетите или иницијалите на осомничените почитувајќи ја пресумпцијата на невисност, ниту одговори дали се лицата за кои денеска беше соопштено дека се приведени, ниту, пак, идентитетот на обвинителот врз кој тие имале влијание.

Во случајот биле иксористени одредени ПИ-мерки.

актуелно обвинителство притвор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.