Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нови возила за домашна посета во Здравствениот дом – Скопје
Скопје

Нови возила за домашна посета во Здравствениот дом – Скопје

јануари 20, 2020Updated:јануари 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нови 13 возила кои ќе служат да се подобри службата за домашна посета и патронажа од денеска се ставени во функција во Здравствениот дом – Скопје.

Како што порача министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска заедно со директорите на Здравствениот дом Виктор Исјановски и Бесим Кока ги промовираше новите возила, со ова полека се заокружува процесот на доекипирање на возила и на зајакнување во смисла на инфраструктура.

„Во текот на минатата година најпрво набавивме 12 нови амбулантни возила од кои шест дојдоа тука. Практично, во тој период на постојните шест, сега осум, затоа што уште некои возила се сервисираа, се дуплираше капацитетот за итна медицинска помош. Сега овие нови возила за еден друг сегмент, за патронажната служба и за домашната посета и дополнителната бројка на возила која ќе стигне во следниот период, со онаа заштеда од претходната набавка уште дополнителни седум од кои
две или три повторно ќе дојдат во Здравствениот дом во Скопје, а другите ќе бидат дистрибуирани ширум државата, рече Филипче.

Тој информира дека веќе е заокружен и процесот на донација на 63 болнички амбулантни возила од Кина, кои исто така соодветно ќе бидат дистрибуирани ширум државата.

„Со тоа верувам дека дефинитивно ќе се задоволи потребата од соодветен број возила, соодветно опремени за оваа служба за итна медицинска помош конечно да функционира така како што треба.

Значајно се зголеми бројот на лекари во текот на 2019 година. Примени беа вкупно 40 лекари и 15 медицински сестри, од тие 40 – 27 работат во службата за итна медицинска помош и сега тој број е 55. Уште дополнителен број на 40 сестри примени на стажот од шест месеци кои ќе продолжат да го извршуваат и оваа година со обезбедени финансиски средства, а трае и една година, потенцира Филипче.

Тој истакна дека нема повеќе недостаток на возила и на кадар и оти со иста тенденција ќе продолжат и понатаму. За следниот период најави отворање на уште два нови пункта во Драчево и во Ченто, кои сега се затворени поради недостаток и на возила и на кадар. Во периодот кој следи, информира Филипче, после дистрибуција и на возилата што ќе бидат донирани од Кина ќе следат и други пунктови во деловите на Петровец и на Чучер Сандево.

Филипче вели дека сега се завршуваат процесите со возилата и со кадарот и очекува во следните два до три месеци да бидат отворени овие два пункта. Другите два пункта во делот на Петровец и Чучер Сандево очекува да се отворат до крајот на годината.

Директорот на Здравствениот дом во Скопје Виктор Исјановски рече дека со поддршка на општина Гази Баба и градоначалникот Борис Георгиевски, Итната медицинска помош доби донација две специјални возила за медицински потреби од страна на Чешка како давател на донацијата.

„Извршивме набавка и на 10 фрижидери со сопствени средства за
здравствениот дом. Покрај ова, следејќи ги стандардите за квалитетна
здравствена заштита, во интерес на долгогодишната соработка и грижа за
пациентите во делот на превентивната здравствена заштита, добивме
донација од Ново Нордиск-Фарм – шест големи фрижидери за непречено
соодветно чување на вакцините и инсулините во температурен режим. Од
голема важност е континуирано да инвестираме во нова и современа
технологија, истакна Исјановски.

Прашан во однос на тоа дали се откажале од проектот јавно-приватно партнерство со најавените нови планови за брза помош министерот Филипче смета дека сега не е период во кој треба да се прават такви значајни суштински промени, затоа што, како што рече, тоа е еден комплексен процес во кој треба да учествуваат повеќе фактори и претставници од Министерството за финансии, економија, експерти…

„ Тоа се процеси кои искрено верувам дека треба да се разгледаат дали и во кој сегмент во нашето здравство треба да се имплементираат. Мора да потсетам дека имаме здравствен систем во кој тој систем на приод на јавно партнерство и концесионерство одлично фуннкционира години наназад во сферата на примарното здравство, понатаму во некоја форма и во аптеките. Верувам студиите ќе покажат кој е следниот чекор, рече Филипче.

На новинарско прашање зошто не е променета состојабата во однос на проблемите на инфективната клиника каде нема топла вода, Филипче соопшти дека има план кој ќе почне за скоро време, да се обезбедат панели за греење на Клиниката, и додаде дека тоа е еден систем за енергетска ефикасност што сакаат да го имплементираат во повеќе болници каде што навистина е потребно.

Во однос на постапката за гасификација во гинекологијата во Чаир тој рече дека административните процедури, во однос на проектирањето, на ревизијата на проектот во однос на добивањето на дозволи па воведувањето во работа биле навистина долги и верува дека економскиот оператор за рекордно време ќе го заврши тој процес. Додаде дкеа од технички аспект ќе се обезбеди целосна гасификација на болницата.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2480066202268146/

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно возила Нови патронажа поликлиники
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.