Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОБЛАКОДЕРИ СРЕДЕ ПУСТИНА: Саудијците градат нов град, проект „тежок“ 500 милијарди евра
Автор

ОБЛАКОДЕРИ СРЕДЕ ПУСТИНА: Саудијците градат нов град, проект „тежок“ 500 милијарди евра

февруари 26, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Провинција Табук, Саудиска Арабија.Неплоден дел од земјата, со малку тоа што може да се препорача како дестинација, но со бескрајна сончева светлина и многу солена вода, пишува „Дејли Мејл“.

Сепак, Мохамед бин Салман, престолонаследник и де факто лидер на регионот, го видел овој карпест пејзаж и замислил нешто епско: низа футуристички градови од вселенско време и луксузни одморалишта.

Пустинската „утопија“ наречена „Неом“ зафаќа површина од околу 16.000 квадратни километри и вклучува 12 вакви проекти, од индустрискиот пристанишен град Оксагон, најголемата пловечка структура во светот, до Синдала, одморалиште во облик на морски коњ за супер богатите. Тука е и Линија (The Line), блескав град со огледала замислен како херметички затворен ѕид што ја пресекува пустината.

Проектот Неом не може да биде обвинет за недостаток на амбиции. Се вели дека тоа е обид на престолонаследникот да ја диверзифицира саудиската економија, да го поттикне и засили туризмот, да ја намали зависноста од фосилни горива и да го воспостави регионот како технолошки и иновативен центар на светската сцена.

Извештаите за трошоците за проектот варираат, се движат од 500 милијарди евра до проценка дека ќе чини повеќе од трилион евра, доколку 12-те проекти целосно завршат.

Линија е водечки проект на „Неом“. Беше најавен во 2021 година, а поради неговата амбициозност се најде на многу насловни страници – и привлече многу контроверзи.

Проектот го вклучува и облакодерот „Дискавери Тауер“. Го дизајнираше тим на архитекти од „Зада Хадид“, а замислено е да се вивне 330 метри над земја.

„Вертикалниот Менхетен“ би требало да биде долг 170 километри, составен од две паралелни кули високи 500 метри, каде што ќе живеат девет милиони луѓе. Секоја од кулите ќе има огледални фасади и ќе вклучува станбени и деловни објекти.

Пешачки патеки ќе ги поврзуваат зградите, додека под нив ќе сообраќа брз воз. Нема да има патишта или автомобили.

Планирано е дневните потребштини да се најдат на најмногу пет минути пешачење за станарите. Волокоптери, беспилотни летала за испорака и роботи-слуги ќе бидат подготвени за опслужување. Дизајнерите велат дека целосно ќе работи на обновлива енергија. Кога ќе биде завршен, ќе биде најголемата мегаструктура во светот.

Некои од предложените детали привлекуваат внимание, а во некои случаи ќе биде вклучена технологија која сè уште не е развиена.

Пустината изгладнета за дожд ќе биде опремена со машини за создавање облаци за да се поттикнат врнежи.

Постојат планови за научниците да ги модифицираат гените на жителите на лице место за да ги направат посилни и вештачка месечина да го осветлува небото.

Во меѓувреме, дизајнот на Аквелум прилично потсетува на „дувлото“ на еден негативец од филмовите со Џејмс Бонд: според веб-страницата на „Неом“, тоа ќе биде „ултралуксузен наопаку свртен облакодер“, целосно затворен во планина, невидлив за никого од надвор.

Неговите жители до нивните куќи ќе можат пристапат преку таен влез, од брегот на Акаба, на Црвеното Море.

Според „Неом“, во Аквелум, „динамичен булевар ќе поврзува различни општествени простори, ќе има гостопримство од светска класа, уметност што влегува во просторот, настани, шопинг и ресторани.

Просторот со потпис, наречен „Генератор“, содржи уникатни истражувачки лаборатории за иноватори и креативни мислители, нудејќи платформа на која што ќе се замислува за иднината.

Веб-страницата „Неом“ уште информира: „Повеќенасочниот внатрешен транзитен систем олеснува лесен пристап до горните катови, превоз на жителите и гостите до нивните домови и хотели, искачувајќи се до покривните градини од каде што ќе се пружа прекрасен поглед на брегот“.

Синдалах е вештачки остров во облик на морски коњ од 840.000 квадратни метри, кој се развива во одморалиште за ултра богати.

Кога ќе биде завршен, ќе има пристаниште со 86 места. Се предвидува дека тоа ќе биде првиот завршен проект, во 2025 година.

Оваа туристичка дестинација ја вклучува првата голема дестинација за скијање во шесте земји на Советот за соработка во заливот (GCC) и ќе биде домаќин на Азиските зимски игри во 2029 година.

Според „Неом“, Сандалах ќе претставува „повисоко ниво на луксузен начин на живеење, со ограничена и ексклузивна понуда на апартмани, планински куќи и ултра луксузни викендици кои можат да се пофалат со неспоредлива приватност, инспиративна архитектура и беспрекорен спој со природата“.

Останатите проекти се Леја, природен резерват; Утамо, уметнички и забавен центар; Норлана, крајбрежна станбена област; Ксајнор, клуб на плажа; Зардун, еко-туристичко место; Епикон, луксузен туристички центар и Сирана, шестоаголно луксузно одморалиште.

Во студијата за потенцијални проблеми за биолошко зачувување за 2024 година, изразена е загриженост дека мегаструктурата со огледала Линија „веројатно ќе претставува значителна закана за преселните врсти, особено за птиците“.

Рефлектирачките површини се идентификувани како една од најчестите причини за смрт на птиците секоја година.

Во извештајот се вели: „Големината на Линија може да претставува нова закана за источните популации од околу 2,1 милијарди птици преселници (повеќе од 100 видови) кои мигрираат од Европа во Африка секоја година наесен, а за кои оваа област е тесно грло.

Екологистите се исто така скептични, нарекувајќи ги тврдењата за планираната одржливост на Линија дека се „перење“. Саудиска Арабија е вториот најголем производител на нафта во светот.

Амнести интернешенел, исто така, изрази загриженост заради овој проект, особено во врска со принудното раселување на членовите на регионалното племе Ховеитат за да се приспособат на развојот.

Досега се преселени околу 20.000 Саудијци. Во 2023 година, невладината организација АЛКуСТ, која работи на заштита на Саудијците од кршење на човековите права, извести дека тројца членови на племето Ховеитат биле осудени на смрт поради критикување на раселувањето, пишува Дејли Меил.

актуелно град облакодер Саудиска Арабија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.