Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обновата на Триумфалната порта во Палмира ќе чини милион долари
Интересно

Обновата на Триумфалната порта во Палмира ќе чини милион долари

јануари 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Обновата на Триумфалната порта во сирискиот град Палмира, што беше крената во воздух од џихадистите на Исламска држава во 2015 година, ќе чини околу еден милион долара, за Тасс изјави Дмитриј Медјенцев, претседател на Асоцијацијата на руските компании од секторот за камен, која ќе учествува во обновата на разурнатиот музејски комплекс.

Дваесетметарската Триумфална порта е изградена од базалт, гранит и мермер за време на римскиот император Септимиј Север, на крајот на II век. Таа ја краси главната улица на Палмира. Од двете страни на портата имаше десетметарски колонади, но џихадистите и нив ги кренаа во воздух заедно со портата.

„Подготвивме тригодишен меморандум, што ќе го потпишеме заедно со сириската страна. Тој предвидува обновата на портата и колонадите да трае три години.

Проценетата вредност на градежните работи изнесува околу милион долара, а само подготвителната работа ќе одземе околу една година, дополни Медјенцев.

За време на обновата експертите ќе ги проучат и историските карактеристики на варовникот и другите слоеви од природни камења, од кои во минатото бил добиван материојалот за изградба на градот, вклучувајќи ја и Портата. По ова ќе се организира обезбедување на суровините, производство на деловите за колонадите, и нивното поставување. Поврзувањето на деловите ќе се прави на специјален начин.

Работата врз обновата на Поратата ќе се финансира од донаторски фонд.

Обновата на Палмира во иднина ќе се прави преку 3D моделот на
актуелната состојба на споменикот, што беше направен и претставен пред експертите во декември 2019 година од научници на Институтот за историја на материјалната култура на Руската академија на науките при УНЕСКО во Париз.

Палмира е еден од најбогатите градови од доцната антика во сириската пустина меѓу Дамаск и Еуфрат, а се наоѓа на 240 киломери североисточно од сириската престолнина. Остатоците на Палмира се објект од светското културно наследство на УНЕСКО.

Џихадистите на Исламска држава на двапати го заземаа градот – во мај 2015 година и во декември 2016 година. Во тоа време тие уништија редица споменици, вклучувајќи ја и Триумфалната порта, централниот дел од амфитеатарот, статуата на Лео Алат, храмовите на Бел и Баалшамин.

Во градот се разместени меѓу 1.000 и 2.000 колонади од I – II век, и над 500
антични гробници.

обнова триумфална порта
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ – 24-часовни објави со фотографии што ќе се гледаат само еднаш

мај 18, 2026

Најтопли места во светот со температури околу 50 степени

мај 13, 2026

Во акцијата за чистење на Женевско Eзеро собрани 36.600 догорчиња и 2,5 тони отпад

мај 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.