„Шефот на Набљудувачката мисија ОБСЕ/ ОДИХР, Корин Јонкер, денеска на прес-конференција ќе информира за формалното почнување на нејзините активности за следење на претстојните претседателски избори во Република Северна Македонија.
Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе врши мониторинг на изборите по покана од Министерството за надворешни работи.
Мисијата на ОДИХР за набљудување на изборите и Мисијата на ОБСЕ во Скопје дејствуваат одделно и независно, во согласност со своите мандати, наведуваат од Мисијата на ОДИХР.







