Кривичниот совет при основниот суд Скопје 1 одлучи да го одбие барањето на Никола Груевски да му биде одложено извршувањето на казната за 2 години затвор за случајот „Тенк“.
Според ова, екс премиерот треба веднаш да се јави во затворот Шутка.
„По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме јавноста, дека Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решениетона судијата за извршување санкции, велат од Судот.







