Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“, судењето продолжува на 23 декември
Истраги

Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“, судењето продолжува на 23 декември

декември 11, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите изнесе серија забелешки за работата на Обвинителството и остро ја критикуваше правната конструкција на обвинението и начинот на кој, како што наведоа адвокатите, во јавноста се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот во кој загинаа повеќе лица. Дел од адвокатите, исто така, го нападнаа и Обвинителството, посочувајќи дека ако се бара причинско-последична врска кај системот и сите институции одговорност треба да има и кај самото обвинителство.

Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. Судењето продолжува на 23 декември со воведен збор на одбраната на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето и претставниците на две правни лица.

Судечкиот совет, како што информираше судијката Диана Груевска Илиевска, на денешното рочиште не го прифати предлогот на обвинетиот Емил Митев поднесен преку неговиот бранител за укинување на куќниот притвор и определување на друг вид превентивни мерки.

– Судот смета дека во оваа фаза на постапката сè уште опстојуваат причините за определувањето на куќниот притвор, а особено од причини што истиот е поднесен без одредена пропратна документација или други докази, за да може да се донесе поинаква одлука, изјави Груевска Илиевска.

Груевска Илиевска, укажа на дел од одбраната, дека сите овие предлози е многу поефектно доколку ги поднесуваат до Кривичниот совет, каде што се бара мислење и од Јавниот обвинител и може комплетно да го документираат со сите докази, и посочи дека дел тоа веќе го прават, информирајќи дека во тек е разгледувањето на барањето за укинување на притвор за обвинетиот Папазов, како и дека на обвинетиот Џевари Камбери му е преиначена мерката притвор со гаранција со решение на Апелациониот суд.

Одбраната на обвинетите вработени во Министерството за економија тврди дека тие вршеле само службена проверка на документацијата за лиценци, без можност да предизвикаат или да придонесат кон пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година. Во своите воведни говори пред Судот тие денес укажаа дека „ниту им било обврска, ниту надлежност по закон да вршат проверка на било какви услови“ и дека немале ниту можност да вршат проверка дали кој било документ доставен до нив по закон е точен или неточен. Нивната работа, како што тврдат, е од управна постапка, без право на увид во објектот – административна, а не инспекциска и „работат со документација која доаѓа заверена и потпишана со одговорност од други институции“.

Со серија забелешки за работата на Обвинителството, одбраната на пазарните инспектори, на денешното рочиштето за случајот со пожарот во Кочани, остро ја критикуваше правната конструкција на обвинението и начинот на кој, како што наведоа адвокатите, во јавноста се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот во кој загинаа повеќе лица.

Дел од адвокатите, исто така, го нападнаа и Обвинителството, посочувајќи дека ако се бара причинско-последична врска кај системот и сите институции одговорност треба да има и кај самото обвинителство, кое по допрен глас е тоа што треба да ја има првичната реакција доколку имало некаква незаконитост во објектот.

Одбраната на Размена Чекиќ Дуровиќ државен секретар во Министерство за економија, адвокатот Гоце Ристевски, во воведен збор рече дека, обвинителниот акт е комплексен и изобилува со контрадикторности и невозможни дејствија на извршување од обвинетите.

– Оваа обвинета се товари како сторител на кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ од Член 292, став 4, во врска со Член 288, став 4, во врска со став 3, во врска со став 2, во врска со Член 22 од КЗ. За ова кривично дело е предвидена казна затвор до пет години, што значи дека според правилата на процесната постапка овластениот тужител за оваа обвинета требал да поднесе обвинителен предлог, за кој важат процесните правила за скратена постапка, изјави Ристевски.

Ваквата правна квалификација и опис на дејствија за Размена Чекиќ Дуровиќ, нагласи Ристевски, не може да биде дел од оваа постапка.

Воведен збор останува да даде и одбраната на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето и претставниците на две правни лица.

Претходно, покрај обвинителството, воведен збор даде и одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот. Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението. Воведен збор дадоа и поранешните директори на ДЗС, министри за економија, како и градежни инспектори.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

актуелно забелешки обвинителство одбрана
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.