Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОДЛИЧНА СТАТИСТИКА: Драстичен раст на странски гости во Хрватска
Анализи

ОДЛИЧНА СТАТИСТИКА: Драстичен раст на странски гости во Хрватска

јуни 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во првите четири месеци од годинава во комерцијалните сместувачки капацитети во Хрватска дошле 2 милиони туристи, или за 30,4 отсто повеќе од истиот период лани, и оствариле 5,3 милиони ноќевања, што е пораст за 19,6 отсто, покажуваат податоците на Националното биро за статистика (ДЗС). Само во април во овие објекти имало 20,4 отсто повеќе ноќевања.

Најголем дел од пристигнувањата и ноќевањата се однесуваат на странски туристи, кои меѓу јануари и април дошле 1,4 милиони, со 4 милиони ноќевања, надминувајќи ги истите месеци во 2022 година за 37,1 односно 22,1 отсто.

Најголем дел од вкупните ноќевања или 17,1 отсто оствариле Словенци, а со 16 отсто следат Германците и Австријците со 11,4 отсто, додека меѓу оние со близу 10 отсто ноќевања се Италијанците и туристите од Обединетото Кралство.

Бројот на домашните туристи за четирите месеци во комерцијалните сместувања е сличен на оној на Словенците, односно 615 илјади или 17,5 отсто повеќе отколку во исто време лани, додека нивните 1,3 милиони ноќевања е зголемување за 12,6 проценти.

Во април 2023 година во комерцијалните сместувачки капацитети се регистрирани 1,1 милион туристи, кои остварија три милиони ноќевања, што е зголемување за 31 и 20,4 отсто во однос на април ланската година.

Повеќе странски гости дошле од домашни, 870 илјади или 35,6 отсто повеќе од април лани и со 2,5 милиони ноќевања се во пораст за 21,5 отсто, додека домашните 220 илјади туристи имале 494 илјади ноќевања или 15,5 отсто повеќе.

И во април, Германците и Словенците имаат најмногу ноќевања меѓу странските туристи, а потоа следат Австријците, Британците и Полјаците, кои исто така беа повеќе од ланскиот април.

Хотелите овој април забележале најмногу ноќевања меѓу сите комерцијални објекти, речиси 47 отсто од вкупниот број, или 1,4 милиони, што е за 26 отсто повеќе од истиот месец во 2022 година.

Во собите, апартманите и куќите за одмор биле нешто повеќе од 27 отсто од вкупните ноќевања или 829 илјади, што е за 15,2 отсто повеќе од лани.

австрија актуелно германија словенија туризам хрватска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.