Денешното рочиште за предметот „Маѓар Телеком“ е одложено поради обемноста на доказниот материјал на предметот. На денешното рочиште требаше да биде сослушан сведок од одбраната.
Случајот „Маѓар Телеком“ во 2009. година беше отворен од Основното Јавно Обвинителство по седум години требаше денеска да продолжи.
Овој судски предмет беше седум години заглавен во судските лавиринти, а СЈО во неколку наврати бараше и преземање на предметот во нивни раце, но од ОЈО не дозволуваа бидејќи како што велеа од таму тој не произлегувал од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Во предметот обвинети се тројца ексдиректори на „Телеком“: Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, за злоупотреба на службената положба, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот.
Следното рочиште е закажано за 25 јануари 2019 година.







