Најстариот предмет на СЈО, насилство и шамари во центар, и денеска не почна во Кривичниот суд поради отсуство на обвинет. Обвинетиот Александар Трајковски, вработен во општина Гази Баба заминал на службен пат во Хрватска, со потпис на градоначалникот Борис Георгиевски.
„Барам од судот да му испрати допис на градоначалникот и да го праша дали знаел дека денеска обвинетиот има покана за судско рочиште и зошто го пуштил да патува“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.
Таа по едно од претходните одлагања поради отсуство на обвинети, предупреди дека предметот насилство и Шамари во центар може да застари. Судењето е презакажано за 6 јуни.
Првообвинет во овој случај е експремиерот Никола Груевски кој според обвинението ги нарачал насилствата и кршењето на општината поради голем бизнис интерес.
Покрај Груевски, обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште десетина лица, од кои двајца веќе признаа вина.
ТВ24