Во скопското средно училиште „Никола Карев“ вчера се одржа првиот голем детски натпревар по ментална аритметика во организација на „Малац Генијалац“.
На овој натпревар знаењето и придобивките од Хикари програмата го покажаа повеќе од 150 деца на возраст од четири до 12 години, кои секој во својата возрасна група се натпреваруваа во два дела, писмен и ментален.
Најдобропласираните деца на менталниот и писмениот дел ќе заминат на интернационално натпреварување, Олимпијадата по ментална аритметика во Белград, на која учествуваат повеќе од 2000 избрани генијални деца од повеќе европски држави.
Детето со вежбање ментална аритметика и работа со двете раце на абакусот развива повеќе функции во исто време: фокус, внимание, концентрација, меморија и визуелизација што се главните цели на училиштето.
Франшизата „Малац генијалац“, освен во Скопје, од септември своите врати ќе ги отвори и за другите градови во државата, со цел поголема едукација на децата и подобрување на фокусот, концентрацијата и памтењето кај децата.
Септемврискиот уписен рок е во тек за сите кои сакаат да бидет дел од тимот на мали генијалци.







