Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Од денеска аплицирање за бескаматни кредити, најавена економска поддршка и од ЕУ
Економија

Од денеска аплицирање за бескаматни кредити, најавена економска поддршка и од ЕУ

март 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од денеска, микро, малите и средните компани во секторите угостителство, туризам и товарен транспорт може да аплицираат за бескаматните кредити од 3.000 до 30.000 евра, што ги најави Владата.

Повикот беше објавен вчера.

Поднесувањето на потребната документација, согласно владините препораки за заштита од коронавирусот, е електронски, на е-адресата:
kreditiranjecovid1@mbdp.cm.mk

Средствата ќе се пласираат преку Развојната банка на Северна Македонија.

За микрофирмите со максимум 10 вработени се предвидени од 3.000 до 5.000 евра, за малите со 10 – 50 вработени од 10.000 до 15.000 евра, а за средните компании со 50 – 250 вработени од 15.000 до 30.000 евра.

Каматата е нула проценти, отплатата две години, а грејс периодот изнесува шест месеци.

Првата рата ќе се исплаќа по девет месеци.

Како што соопшти вчера директорот на Развојната банка, Кире Наумов, во оваа прва фаза на финансиска помош се опфатени најпогодените сектори, а целта е да ги надминат проблемите со ликвидноста.

Поддршката со бескаматни кредити ќе продолжи и ќе се прошири на другите сектори кои дополнително ќе се утврдат.

„Развојната банка ќе продолжи со пласирање средства кон комерцијалните банки. Се обидуваме тоа да биде по извонредно ниска, можеби и нула каматна стапка. Останува комерцијалните банки и натаму да покажуваат желба за солидарност како сега и кредитите да бидат многу евтини. Она што може да го направи Владата во овој дел заедно со Развојната банка е средствата што ги пласира преку комерцијалните банки да ги пласира до нив со извонредно ниска камата“, подвлече Наумов.

Владата минатата недела на прес-конференција соопшти дека ќе се обезбеди директна финансиска поддршка за задржување на ликвидноста на микро, малите и средните компании и субвенционирање на придонесите за април, мај и јуни, како дел од првиот сет мерки за справување со последиците од коронавирусот.

Како што рече тогаш вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, обезбедени се 5,7 милиони евра од Развојната банка кои ќе се наменат за микро, малите и средни компании чија економска активност е погодена од КОВИД-19.

Секоја компанија во зависност од бројот на вработени ќе може да добие од 3.000 до 30.000 евра.

Но, ова не е единствената поддршка за стопанството.

Изминатиот викенд министерката за финансии Нина Ангеловска најави уште еден пакет мерки, тежок околу 600 милиони евра.

Вкупно 400 милиони, како што рече, ќе се обезбедат преку т.н. заем до еврообврзница со рок на доспевање од 12 месеци.

Дополнителни 87 милиони евра ќе бидат побарани од ММФ, а за развојни политики од Светска банка се очекуваат 100 милиони евра.

Според првиот човек на Развојната банка, Кире Наумов, Владата не доцни со сетот економски мерки за справување со последиците од коронавирусот.

„Хрватска минатиот петок донесе сет закони и во принцип ниту една од нивните мерки сè уште не е функционална. Во Словенија, соодветната
развојна банка по овие принципи ќе почне од 1 април. Србија има
објавено една мерка која е далеку од реализација. Сè што слушам и од
порзвиените земји е само најава, далеку од реализација“, истакна
Наумов.

Вчера од евроамбасадорот Самуел Жбогар стигна информација дека земјава може да очекува помош и од ЕУ.

На својот твитер-профил тој најави поддршка од 50 милиони евра за социјално и економско закрепнување.

„Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Северна Македонија: до четири милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, девет милиони за приватниот сектор и до три милиони евра директна буџетска поддршка“, напиша евроамбасадорот Жбогар.

Со предлог сет економски мерки деновиве излегоа и двете најголеми
политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

актуелно бескаматни кредити ЕУ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.