Британската влада ќе побара од лицата кои ќе влегуваат во Англија од следната недела, по доаѓањето, да покажат негативен тест на корона вирусот, заради заштита од новите видови на тој вирус од другите земји, соопшти денеска официјален Лондон.
Патниците кои доаѓаат со авион, брод или воз ќе мора да покажат негативен тест не постар од 72 часа, соопшти британското Министерство за сообраќај.
„Веќе имаме на сила значајни мерки со кои би спречиле увоз на нови случаи на Ковид 19, но заради новиот вид на вирус којшто се шири по светот, мораме да превземеме дополнителни мерки на внимание“, изјави министерот за сообраќај Грент Шапс.
Ако патниците не се придржуваат кон новите правила ќе мора да платат казна во износ од 500 фунти, пренесува Ројтерс.