Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Од среда нов пакет бескаматни кредити преку Развојната банка
Економија

Од среда нов пакет бескаматни кредити преку Развојната банка

април 24, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка наречен „Ковид 2“ веќе од среда ќе им биде достапен на микро, малите и средни компании погодени од кризата предизвикана од коронавирусот.

Овој пакет е пообемен и нема ограничување на дејностите кои може да
аплицираат за разлика од првата линија на бескаматни кредити „Ковид
1“ која беше наменета за првично најпогодените сектори – туризмот,
угостителството и транспортот.

Еден од условите е компаниите да имаат пад на приходите од 30 проценти.

Кредитите се бескаматни, рокот на отплата е до три години со грејс период од 12 месеци.

На нула се сведени и трошоците кон Развојната банка.

Минималниот износ на кредитот е 3.000 евра, а максималниот износ 90.000 евра.

Сумата ќе се определува според бројот на вработени кои компанијата го имала заклучно со 31 јануари така што минималната плата ќе се помножи со бројот на вработени и со три месеци.

Средствата во висина од осум милиони евра се обезбедени преку компензациониот фонд на Јапонија.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, ова е значајна финансиска инекција за микро, малите и средни претпријатија со цел да
се сочува ликвидноста на компаниите и да се заштитат работните места.

„Линијата „Ковид 2“ нуди поголема сума за бескаматни кредити од линијата Ковид 1, но и поголем износ на поединечни кредити и она што
е важно е дека ги опфаќа сите дејности погодени од кризата. Има олеснети услови и олеснет начин за аплицирање“, рече Ангеловска на денешната прес-конференција во Владата.

Јапонската амбасадорка во земјава Кеико Ханеда во видео обраќање изрази поддршка за мерките што ги презема Владата и надеж дека тие ќе им помогнат на компаниите да продолжат да работат и да се сочуваат работните места.

„Сите земји се борат против коронаворусот и во овие тешки времиња треба заедно да работиме и да се поддржуваме. Мило ми е што уште еднаш можеме да го потврдиме цврстото пријателство меѓу Северна Македонија и Јапонија“, порача Ханеда.

Аплицирањето ќе биде електронски, а документацијата за „Ковид 2“ е речиси иста како и за првиот пакет „Ковид 1“.

„Јавниот повик е веќе објавен и во него се уредени условите кои треба да ги исполнуваат апликантите за овие втори бескаматни кредити. Со ова им даваме неколку дена на компаниите за да ги подготват своите апликации и да може да аплицираат во среда“, истакна директорот на Развојната банка Кире Наумов.

Во соработка со Централниот регистар договорено е потребните документи од оваа институција да се издаваат бесплатно.

„Следејќи ги препораките и уредбите на Владата, Централниот регистар и Развојната банка склучија договор за интернет дистрибутивен систем
за потребите на огласот Ковид 2 со цел да им се помогне на микро, малите и средни претпријатија кои планираат да аплицираат за двтората кредитна линија. Со овој договор, Централниот регистар ќе ги дава бесплатно документите што им се потребни на кредитобарателите“, посочи директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски.

За првиот повик „Ковид 1“ за кој на располагање се 5,7 милиони евра, досега се одобрени 2,2 милиони евра на 254 компании со околу три илјади вработени.

Интересот за овој повик, како што информира директорот на Развојната банка, е голем и побарувачката го надминува скоро двојно буџетот наменет за оваа кредитна линија.

Вкупниот износ на средства што им се даваат на располагање на компаниите со двата повика изнесува 13,7 милиони евра.

Покрај ова, компаниите имаат на располагање и околу 50 милиони евра преку комерцијалните банки.

актуелно бескаматни кредити Развојна банка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.