Указот на американскиот претседател Џозеф Бајден, со кој се укина условот дека странските државјани кои доаѓаат во САД мора да се вакцинираат против корона вирусот, ќе стапи на сила во четврток, 12 мај, една минута по полноќ.
Бајден вчера ја укина мерката задолжителна вакцинација на државните службеници и работниците кои работат за сојузната влада со договор, објави Гласот на Америка.







