Зголемување на облачноста, а во попладневните часови и нови врнежи од дожд на пониските места, како и снег на планините, најавува за утре УХМР.
Врнежите ќе бидат поинтензивни на запад, а потоа да се прошират насекаде и да траат и во вторник кога ќе бидат засилени на југоистокот и истокот.
Според УХМР, пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда претпладне.
Минималните темпеартури во текот на неделата ќе паднат до минус седум степени, а максималните ќе се движат меѓу три и 12 степени.







